Си беа еднаш едни полтрончичи,
сè нешто им сметаа сендвичи.
Но кога #бојкотирам надвисна,
ги нема ни да писнат.
Со луѓето везден се изживуваа страдни
оти тие за леП никогаш не биле гладни
Пцуј, плукај, колни, удри, гази,
надевајќи се дека и тие ќе станат гавази.
Никој не беше од нив поштеден,
во нивните очи немаше друг заслужен...
...освен нив.
Опсесијата во болест премина
и само омраза остана.
Омразата си гореше и жареше
и жареше и гореше
И немаше крај, во никој поглед,
тоа можеше да трае до недоглед...
...но добија власт бесна
и почнаа друга песна!
Share this Scrolly Tale with your friends.
A Scrolly Tale is a new way to read Twitter threads with a more visually immersive experience.
Discover more beautiful Scrolly Tales like this.