President-Elect of the Confederate States of America-in exile
Aug 2, 2018 • 26 tweets • 7 min read
Браќа и сестри од движењето #Бојкотирам , нека ни е за многу години Илинден 👌
Темата на денешнава објава ќе биде :
„Наивноста на ВМРО и воопшто на македонската десница во поглед на искреноста на либералнодемократскиот Запад“
Врзете си ги појасите, ова ќе биде подолга нитка
Постарите генерации го помнат покојниот Митко Анастасовски и некои од неговите обраќања од собраниската говорница, но ретко кој ја помни неговата изјава дека Западот-Американците- кога ќе чујат дека СДСМ се наследници на комунистичката партија, ќе гледаат на нив како на црн ѓавол
Jun 17, 2018 • 6 tweets • 2 min read
Првата генерација црвени буржујчиња ги разнебити како македонското село, така и староградските еснафи преку манијакалната турбоиндустријализација, пропратена со експропријации, колективизации и национализации.
Наводно, ќе сме испоумреле од глад да не стореле така 😒
Втората генерација црвени буржујчиња го упропасти пролетеријатот преку безочен транзициски грабеж, ѓоамити приватизација, а во суштина легализација на грабежот што го изврши првата генерација половина век претходно 😡
И за ова рекоа било неопходно за да не испоумреме од глад...