Браќа и сестри од движењето #Бојкотирам , нека ни е за многу години Илинден 👌

Темата на денешнава објава ќе биде :

„Наивноста на ВМРО и воопшто на македонската десница во поглед на искреноста на либералнодемократскиот Запад“

Врзете си ги појасите, ова ќе биде подолга нитка
Постарите генерации го помнат покојниот Митко Анастасовски и некои од неговите обраќања од собраниската говорница, но ретко кој ја помни неговата изјава дека Западот-Американците- кога ќе чујат дека СДСМ се наследници на комунистичката партија, ќе гледаат на нив како на црн ѓавол
Токму оваа куса изјава, по мое скромно мнение, во себе ја содржи и искажува речиси детската наивност со која македонските патриоти, националисти и антикомунисти гледаа(т) кон „добриот“ либералнодемократски Запад, како за време на Студената Војна, така и по нејзиното окончување 😒
Навидум, нивните гледишта делуваат сосема логично. Зарем Западот не ја водеше Студената Војна за да го ослободи човештвото од болшевичката тиранија, та кој друг освен македонските антикомунисти би им бил соодветен партнер во новиот поредок по падот на едноумието во Македонија? 🤔
Меѓутоа, дури и во контекстот на Студената Војна, се заборава оти СФРЈ по 1948 беше де факто американски играч во истата, држен со западни кредити надвор од советскиот блок и покрај тоталитарниот карактер на режимот. Земајќи го ова предвид, некои работи стануваат малкуцка појасни
Втора работа е колку дури и зад ривалството меѓу самиот СССР и САД стоел како фактор антикомунизмот, а не напросто русофобијата. Да го парафразирам Молдбаг, комуњарштината е автентична американштина, со која Америте ја заразија Русија, а не обратното 😒

Мала дигресија, овдека е изјавата на Менциус Молдбаг, преведена на македонски, заедно со линк кон соодветната статија на неговиот блог 😎

Трет симптоматичен момент е тоа што САД, по посетата на Кина од страна на Ричард Никсон, почнува обилно да ги полѕува разно-разните маоистички банди како шок-трупи на својот интернационален поредок. Делумно, ова е обична реалполитика: Тоа што е лошо за Москва е добро за Вашингтон
Најпластичен пример е Камбоџанско-Виетнамската Војна. Виетнамците беа сојузници на Москва, Црвените Кмери на Пекинг, та САД се ставија од страна на Црвените Кмери 😒

Да, на истите тие Црвени Кмери кои испоубија помеѓу 1/3 и 1/2 од својот сопствен народ, пред да почне војната 😠
Втор пример е маоистичко-хоџаистичката банда Marksistë-Leninistë të Kosovës, која подоцна прераснува во про-американската Ushtria Çlirimtare e Kosovës, со чија помош САД успеа од Србија да го отцепи Косово, премало да биде република, а преголемо да биде фарма за човечки органи 😡
Истата подоцна се префрли во Македонија под името Ushtria Çlirimtare Kombëtare, а нејзиното политичко крило -Bashkimi Demokratik për Integrim- е неизоставен инвентар на македонската влада во периодот 2002-2006, како и од 2008 наваму. Можеби сте чуле за нив
Но, постои и подлабок и помрачен аспект на сево ова, отколку обична реалполитика. Да се вратиме кај нашиот пријател Менциус Молдбаг и неговото објаснување на внатрешниот конфликт во американската политика:

unqualified-reservations.blogspot.com/2007/05/bdh-ov…

unqualified-reservations.blogspot.com/2007/05/castes…

unqualified-reservations.blogspot.com/2008/08/sarah-…
Накратко, хипстерската буржоазија е здружена со лумпенпролетеријатот и сите возможни малцинства- расни, верски, сексуални- како и имигрантите од белиот свет против домашната работничка класа, овие последните погрдно наречени реднеци, хилбили и по најново „Basket of deplorables“
... аналогно на тоа како нашата компрадорска Црвена Буржоазија е здружена со УЧК и сиот домашен општествен талог (башка странските „фактори“) против македонската работничка класа, последниве погрдно наречени жмроњи и/или жмрљони 😒

Но за ова другпат, да се вратам на главното
Братот Никстер Капидан оваа анализа ја има пренесено и врз надворешната политика, објаснувајќи зошто на Вујко Сем му е сосема природно да се здружува со Црвените Кмери , УЧК и останатиот талог на планетава против колку-толку цивилизираниот Втор Свет 🤔

Четвртиот симптом на внатрешниот гнилеж на западната либерална демократија е нејзиниот однос кон Македонците и македонското национално прашање. Напалм бомбите на Вичо и Грамос би требало да се доволни да му се згади на нормален човек, но тие за жал се само врвот од ледениот брег
Во суштина, Западот воопшто не се грижеше за страдањата на милионите жртви зад Железната Завеса, сѐ дури болшевичката хунта си се држеше на својата половина од планетата и ги менаџираше тамошните човечки ресурси на општо задоволство на обете страни- барем на владејачките класи 😒
Крахот на СССР-а, во помала мера и на СФРЈ- ги помати овие сметки, па западните елити побрзаа да пронајдат соодветни замени кои ќе продолжат да ги менаџираат ресурсите - човечки и останати - на Истокот по старата, проверена и за нив погодна шема, па оттаму и целосната поддршка...
која ѝ беше дадена на криминалната транзиција - во Русија, Македонија, па дури и во Источна Германија - преку која дотогашните социјалистички директори си ги „приватизираа“ претпријатијата и комбинатите кои дотогаш ги управуваа „во име на Народот“, без претходна денационализација
Во 1994 владејачката СДСМ, со помош на „гласовите“ на стотици илјади Косовари на кои Глигоров им раздели македонски државјанства, како и преку цела низа други ноторни манипулации, ги украде претседателските и парламентарни избори, а Западот тоа целосно го поддржа и аминуваше 😠😡
ВМРО-ДПМНЕ и тогаш залудно алармираше и на странските фактори им ги укажуваше изборните нерегуларности.

Исто како што и лани нон-стоп на странците залудно им укажуваше на сите прекршувања на Уставот и Деловникот при нелегалниот избор на Командант Форина за парламентарен „Спикер“
Се поставува прашањето - при очевиден државен удар изведен од страна на ЦИА и американскиот Стејт Департмент, чуму потребата на ВМРО упорно да им укажува на истите дека тоа што го прават преку своите експозитури во УЧК и СДСМ е нелегално, противуставно и нелегитимно?

Навистина🤔
Исто како и во 1994, исто како и безброј пати пред и потоа, ВМРО се безнадежно убедени во добрите намери на либералнодемократскиот Запад, кому само треба да му се отворат очите за тоа кои му се вистинските пријатели и сојузници тука во Македонија 😠

О, гревчиња окајани 😡
„Добриот“ либералнодемократски Запад воопшто не бара идеолошки сојузници и пријатели, туку компрадори и послушници кои беспоговорно ќе ги спроведуваат неговите налози на теренот и -како што наведов погоре- ќе ги менаџираат локалните човечки и останати ресурси во негова полѕа 😠😡
Треба ли да нагласам оти СоцијалДарвинистите, по половина век слугување на Белград, се далеку поизвежбани за такво нешто отколку ВМРО ?

Ете, толку имав за заблудите и наивноста на македонската десница.

Останете ми поздравени и не заборавајте да го #бојкотирате 👌референдумот
Please unroll @threadreaderapp

• • •

Missing some Tweet in this thread? You can try to force a refresh
 

Keep Current with С Е Р Д А Р О Т 🇸🇾 🇾🇪 🇵🇸 🇱🇧 🇧🇾 🇮🇷 🇰🇵

С Е Р Д А Р О Т 🇸🇾 🇾🇪 🇵🇸 🇱🇧 🇧🇾 🇮🇷 🇰🇵 Profile picture

Stay in touch and get notified when new unrolls are available from this author!

Read all threads

This Thread may be Removed Anytime!

PDF

Twitter may remove this content at anytime! Save it as PDF for later use!

Try unrolling a thread yourself!

how to unroll video
  1. Follow @ThreadReaderApp to mention us!

  2. From a Twitter thread mention us with a keyword "unroll"
@threadreaderapp unroll

Practice here first or read more on our help page!

More from @Serdar_Martoloz

Jun 17, 2018
Првата генерација црвени буржујчиња ги разнебити како македонското село, така и староградските еснафи преку манијакалната турбоиндустријализација, пропратена со експропријации, колективизации и национализации.

Наводно, ќе сме испоумреле од глад да не стореле така 😒
Втората генерација црвени буржујчиња го упропасти пролетеријатот преку безочен транзициски грабеж, ѓоамити приватизација, а во суштина легализација на грабежот што го изврши првата генерација половина век претходно 😡

И за ова рекоа било неопходно за да не испоумреме од глад...
Третата генерација црвени буржујчиња, да не остане покусо, реши да го погреба македонскиот национален идентитет со цел влегување во НАТО ( и можеби ЕУ ) .

Нема да ви се верува, и ова да ти било апсолутно неопходно за да не испоумреме од глад 😠
Read 6 tweets

Did Thread Reader help you today?

Support us! We are indie developers!


This site is made by just two indie developers on a laptop doing marketing, support and development! Read more about the story.

Become a Premium Member ($3/month or $30/year) and get exclusive features!

Become Premium

Don't want to be a Premium member but still want to support us?

Make a small donation by buying us coffee ($5) or help with server cost ($10)

Donate via Paypal

Or Donate anonymously using crypto!

Ethereum

0xfe58350B80634f60Fa6Dc149a72b4DFbc17D341E copy

Bitcoin

3ATGMxNzCUFzxpMCHL5sWSt4DVtS8UqXpi copy

Thank you for your support!

Follow Us!

:(